Седум меча ќе се играат ноќеска во НБА-лигата, а интересно е дека на сите дуели нема класичен фаворит. Според квотите во Sport Life, Бостон и Далас на гостински терен кај Минесота и Сан Антонио се фаворити и коефициентот за „двојка“ е 1.54.
На сите останати средби, тимот кој има некаква фаворитска улога е со квота од најмалку 1.74. Во една ваква ситуација, можно е ноќеска да има и дуели на кои нема да има победник по регуларните 48 минути и можно е да има и продолжение, што е огромен коефициент.
Во понудата се и кошаркарите кои вечерва треба да играат и нивната граница за „плус-минус“ поени. Едноставно, ова е вечер како за мерак за љубителите на НБА-лигата.