Доколку Манчестер сити остане без бразилскиот голман Едерсон, кој прифатил понуда од Саудиска Арабија, тогаш Граѓаните би сакале да го земат италијанскиот чувар на мрежата Џанлуиџи Донарума.
Како што стојат работите, Сити тешко може да го убеди Бразилецот да остане, одличниот голман би можел да земе огромни пари и би станал најплатениот голман во светот. Но, проблем е што Ал-Итихад и Ал-Наср не сакаат да го платат обештетувањето од 50 милиони евра коешто го бараат Граѓаните.
Ако си оди Едерсон, Сити би имал двајца голмани, тоа се Ортега и Карсон, но на нив се смета само како резерви.
Медиумите во Англија лансираа шпекулација дека Сити има мерак по Донарума, но Џиџи има договор со ПСЖ до 2026 година, па парижаните не се под притисок да го продадат. Покрај тоа, познато е дека односот, кој има повеќе врска со геополитиката отколку со спортот, меѓу Емиратите и Катар не е добар и тоа дополнително го отежнува овој можен мегатрансфер.
Во Сити се надеваат дека Донарума е незадоволен во ПСЖ што на новиот голман што го купија, Русинот Сафонов, му било ветувано дека ќе брани, а не само да грее клупа, и би прифатил да си замине во првакот на Премиер лигата.