Екипата на Истра се израдува на важна победа во борбата за пласман во Европа за следната сезона, откако на свој терен со 2:1 славеше над еден од директните ривали, тимот на Вараждин.
Вараждин водеше со 1:0 до 15-тина минути до крајот, но домаќините направија целосен пресврт. Посебно за препраскажување е погодокот кој донесе победа за Истра. Се играше 80 минута кога Радошевиќ тргна во напад, шутираше од 20-тина метри, но ударот деливаше дека ќе заврши далеку од голот на гостите.
Сепак, на 10-тина метри од голот, се појави голема дупка на теренот, топката удри во нерамниот терен и го смени правецот. Голманот на гостите веќе беше тргнат на едната страна и само немоќно можеше да гледа како топката завршува во неговата мрежа. На крајот тоа беше и клучниот момент за Истра да ги освои трите бода.
🇭🇷 This goal was scored in the Croatian League. The bad state of the pitch helped deflect the ball over the goalkeeper 😳🤯
Was it the player who scored the goal or the pitch?
— FCBGavi (@tculer4) March 20, 2026

