Ова одамна не се случило, Манчестер сити врза четири порази по ред!

Брајтон го изненади Манчестер сити со 2-1 и на Граѓаните им го нанесе четвртиот пораз по ред во сите натпреварувања, што е најцрна серија за клубот откако менаџер им е Пеп Гвардиола.

Претходен тренер кој со Сити имал четири порази по ред бил Стјуарт Пирс пред речиси две децении.

Морските галеби со победата над првакот се искачија на четврто место на табелата во моментов, а Сити е втор, со два бода помалку од лидерот Ливерпул кој има и меч помалку.

Ерлинг Халанд беше стрелец на голот за Сити со кој водеа по првото полувреме и тој сега само на два стадиони во Англија на кои играл не дал гол, но слаба утеха, Брајтон направи пресврт во 78-ма и 83-та минута.

- Оглас -

Најнови вести