Ова ретко го има: Барселона и Реал Мадрид се тотални аутсајдери

Возбудувањата во Евролигата продолжуваат вечерва, со два меча на кои шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона се во улога на аутсајдери. Каталонскиот гигант гостува кај Монако во дуел на две екипи кои беа на четвртото и на петтото место на табелата по регуларниот дел.

Интересно е дека Барселона сезонава двапати го победи Монако, но овојпат францускиот тим е фаворит во плејофот.

Олимпијакос е тимот кој заврши како најдобар по регуларните 34 кола. Грчкиот гигант заврши со 24 победи и 10 порази и со кој било ривал ќе ја има предноста на домашен терен. Реал Мадрид е во одлична форма и има седум победи во последните осум дуели со евролигашките ривали, но сезонава ги загуби двете среди од Олимпијакос.

Богата е и понудата за играчите кои ќе бидат вечерва на терен. Може да се одигра на „плус-минус“ за бројот на постигнати поени, скокови, асистенции, но и постигнати тројки.

- Оглас -

Најнови вести