Ова ретко се гледа, Вест хем играше истовремено два меча и убедливо ги доби двата

Премиерлигашот Вест хем попладнево се најде во една необична ситуација, истовремено гостуваше на две различни места и играше пријателски натпревари, а за задоволство на фановите и стручниот штаб, Чеканите победија и на едниот и на другиот меч, иако играа со комбинирани состави.

Играчите беа добро распоредени во двата тима и квалитетот им беше сличен, за да не се случи едниот тим да биде многу силен, а другиот слаб.

Едниот тим на Вест хем го надигра Ипсвич таун (тим од Лига 1) со 4-1. На таа средба, Халер постигна три гола и покажа дека е во добра голгетерска форма. Другиот тим на Вест хем беше уште поубедлив и триумфираше со 5-1 против Вајкомб вондерерс (сезонава ќе игра во Чемпионшип), а по првото полувреме беше 4-1 и уште тогаш беше одлучен победникот.

Премиер лигата почнува на 12 септември и тренерот Дејвид Мојс може да биде задоволен со формата на малку повеќе од две недели до почетокот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести