Ова ретко се случува на седум кола до крајот: познат е првиот клуб кој сигурно ќе испадне од Топ 5 лигите

Екипата на Саутхемптон загуби со 3:1 на гостувањето во Лондон од Тотенхем, во рамките од 31 коло на Премиер лигата. За Саутхемптон ова беше дури 25-ти пораз сезонава и дефинитивно најболен, затоа што и дефинитивно ги загубија и теоретските шанси да се спасат од испаѓање.

По 31 кола, Саутхемптон има освоено само 10 бодови и никако нема шанси да го стигне Вулверхемптон кој е на 17-тото место, последно кое носи опстанок. Вулверхемптон има 32 бодови, односно 22 бода повеќе од Саутхемптон, а до крајот на првенството во игра се освојување на 21 бодови.

Саутхемптон не само што е прв тим од Премиер лигата што испаѓа сезонава, туку тој е прв тим во Топ 5 лигите што сигурно нема да обезбеди опстанок. Очаен е овој премиерлигаш сезонава и не случајно го има најлошиот напад со само 23 дадени гола и најлошата одбрана со дури 74 примени погодоци.

- Оглас -

Најнови вести