Актуелниот светски шампион во снукер и најпопуларен играч на светот, контроверзниот Рони О‘Саливен, често знае да направи необични работи, а вчера предизвика внимание и смеење за време на мечот против Метју Стивенс на Отвореното првенство на Северна Ирска кое се игра во Милтон Кејнс.
Рони славеше против Стивенс со 4-2, вечерта го победи и Тепчаја Ун Ну, а вечерва игра четвртфинале против Динг Џунхуи. За време на дуелот со Велшанецот Стивенс, О‘Саливен имаше проблем со стомакот и во еден момент во празната сала се слушна звук како некој да прд*а. Рони веднаш се сврте кон судијата Бен Вилијамс, а тој се тргна настрана.
Да биде работата уште посрамна, Рони прво го праша судијата „Ти го направи ова?“. Потоа Рони призна дека тој е „виновникот“. Овој мал „инцидент“ го деконцентрираше Рони кој утна еден релативно лесен удар, но на крајот сепак победи.
https://www.youtube.com/watch?v=apb3o_YN4ss