Поразот на Бетис со 1:4 од Челзи во финалето на Конференциската лига на УЕФА означи и крај на шпанската клупска доминација во европскиот фудбал. За првпат од сезоната 2018/19 се случува во една сезона ниту еден шпански клуб да не се израдува на европски пехар.
Бетис беше единствениот шпански клуб кој сезонава се пласира во финале на клупскиот европски фудбал, водеше со 1:0 на полувреме против Челзи, но на крајот загуби со убедливи 1:4.
Од 2001 година до синоќа траеше 24-годишната доминација на шпанските екипи кога играа клупско финале против клуб од друга земја. Во таа 2001 година, во финалето на Лигата на шампионите Валенсија на пенали загуби од Баерн Минхен со 5:4 (1:1 беше во регуларниот дел), а потоа следуваа 19 финалиња во европските клупски купови во кои шпански екипи играа со ривали од други земји и секогаш Шпанците се радуваа. Таа доминација заврши синоќа, кога Челзи успеа со 4:1 да го победи Бетис во финалето од Конференциската лига.