Ова што го прави Халанд не е нормално, ново подобрување на рекорд во ЛШ

Норвешката гол-машина Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд продолжува да ги поместува границите и со голот во првото полувреме против Клуб Бриж постави нов рекорд. Тој во ЛШ има дадено 15 гола, а настапил само на 12 меча во најсилното клупско натпреварување во Европа. Еден Роналдо (Бразилецот), кој е можеби најдобра деветка во историјата, во целата кариера даде 15 гола во ЛШ.

За да дојдат до 15 гола, на Лионел Меси му требаа 29, а на Кристијано Роналдо дури 51 натпревар. Халанд само на два меча на коишто играл во ЛШ нема дадено гол. Најблиску до рекордот на Халанд се Руд ван Нистелрој и Роберто Солдадо, кои на своите први 19 меча успеаја да постигнат 15 погодоци, а веднаш зад нив е Хари Кејн со 15 гола на 20 меча.

Халанд е трет поединец во историјата по Алесандро дел Пјеро и Кристијано Роналдо кој успеал во две различни сезони да дава голови на четири меча едноподруго во групната фаза. Халанд е единствен на кој ова му успеало во две сезони по ред.

- Оглас -

Најнови вести