Македонската фудбалска репрезентација ги доби противниците за четврто издание на Лигата на нациите. Нашите најдобри фудбалери ќе играат против селекциите на Ерменија, Фарски Острови и Летонија, во рамките од групата 4 во Сегментот Ц од ова натпреварување.
Групите за Сегментот Ц ги влечеше легендарниот капитен на Грција, Јоргос Карагунис, кој се радуваше на титулата на ЕП 2004 година.
Мечевите ќе се играат во шест кола, и тоа во период од 5 септември до 19 ноември, кога ќе биде познат комплетниот конечен распоред на табелите во сите групи.
Влогот за Македонија во новото издание на Лигата на нациите е да се освои првото место во групата и да се чека шанса за пласман во баражот за Светското првенство бидејќи натпреварувањето оваа година е врзано со квалификациите за Мундијалот.
По направената ждрепка, овие се групите во Сегментот Ц и Сегментот Д:
Ц СЕГМЕНТ:
Група 1: Шведска, Азербејџан, Словачка, Естонија,
Група 2: Романија, Косово, Кипар, Литванија/Гибралтар.
Група 3: Луксембург, Бугарија, Северна Ирска, Белорусија.
Група 4: Ерменија, Фарски Острови, Македонија, Летонија.
Д СЕГМЕНТ:
Група 1: Литванија/Гибралтар, Сан Марино, Лихтенштајн.
Група 2: Молдавија, Малта, Андора.