Оваа среда е ден за типување на тимови кои почнуваат на буквата С

5151 Буркина Фасо – Сенегал (20.00 часот)

Сенегал ја има улогата на фаворит во ова полуфинале, тоа е тим кој досега на Африканскиот куп на нациите прими само еден гол. Буркина Фасо ги изненади Габон и Тунис, па нема да се предадат ниту против можеби најдобриот тим во Африка, барем според имињата. Последните три меѓусебни дуели на овие репрезентации завршија со нерешени резултати. Сепак, колку и да е незгоден тимот на Буркина Фасо, нивен пласман во финалето би било сензација.

Предлог тип: 2 (1.90)

 

1359 Рајо Валјекано – Мајорка (20.00 часот)

Ждрепката сакаше овој единствен меч од четвртфиналето во купот на Шпанија да се игра во Мадрид и тоа му носи голема предност на Рајо, кој до неодамна, не знаеше за пораз на својот стадион сезонава. Во ноември, во лигашкото соочување на „Валјекас“, Рајо дома ја совлада Мајорка со 3-1. Мајорка е тим кој од крајот на октомври наваму, на гостувањата секогаш или победува или губи. Овие екипи од 2004, кога исто така играа во купот, не ремизирале на дуел во Мадрид.

Предлог тип: 1 & 2-4 (3.00)

 

1671 Гент – Клуб Бриж (20.45 часот)

Ова е полуфинале од Купот на Белгија, а треба да се знае дека за еден месец, ќе има и реванш на кој Бриж ќе биде фаворит. Гент е во прилично лоша форма во првенството, последната победа ја имаа на 18 декември, а од друга страна, Бриж нема пораз во 2022 година. Гент го растури Бриж со 6-1 во август, па гостите имаат мотив да се реваншираат. На двата тима приоритет им е лигата, па подобро е да се игра на голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.10)

 

1246 Селтик – Ренџерс (20.45 часот)

Најголемото дерби во Шкотска може да го одлучи и првакот за оваа сезона. Ренџерс има два бода повеќе, па ако слави, ќе оди на плус пет, што не е за потценување во една лига во која овие два тима се доминантни. Ренџерс има две ремија во последните три кола, па предноста пред Селтик му се стопи и затоа ако вечер слават домашните, тие ќе избијат на прво место. Кај Ренџерс ќе ги нема Хаџи, Хеландер и Морелос, а кај Селтик ќе фали Дембеле. Селтик во март 2019 ја извојува својата последна домашна победа во градското дерби.

Предлог тип: & 0-3 (1.75)

 

1538 Белененсеш – Спортинг (21.45 часот)

Спортинг нема право на кикс на ова гостување кај последнопласираниот тим на табелата во португалската лига. Белененсеш не е отпишан од трката за опстанок, но тешко дека може да освои бодови против тимот кој ја брани титулата. Спортинг ако победи, ќе дојде на шест бода од лидерот Порто. Тој ја има најдобрата одбрана во лигата, но лисабонските Лавови загубија два од последните три меча и сега ќе треба да се помачат за задржување и на второто место. Спортинг на последните четири гостувања кај Белененсеш секогаш дава барем два гола, но и прима барем по еден гол.

Предлог тип: 2 & 2-5 (1.55)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести