12.8 C
Skopje
вторник, 16 септември 2025

Овации во Франкфурт: Германските фанови ги пречекаа европските шампиони

Повеќе од 1.500 навивачи денеска во Франкфурт ги пречекаа кошаркарите на Германија, кои во неделата ја освоија титулата европски шампион.

Германската репрезентација во неделата во Рига, во финалето на Европското првенство, ја совлада Турција со 88-83 и по вторпат во историјата стана првак на Европа.

Свечениот прием беше организиран во Франкфурт, пред зградата на главниот спонзор на репрезентацијата, а според проценките на полицијата, присуствуваа повеќе од 1.500 навивачи кои со овации ги поздравија кошаркарите.

Во центарот на вниманието беше капитенот Денис Шрудер, кој денес го прославува 32-от роденден. Тој беше прогласен и за најкорисен играч (МВП) на шампионатот.

„Ви благодарам на сите што сте овде. Бронза на ЕП 2022, злато на СП 2023, четврто место на Олимписките игри 2024, а сега и титула европски шампион. Тоа е огромен успех“, изјави Шрудер, добивајќи громогласни аплаузи.

- Оглас -

Најнови вести