Ленс го победи Пари Сен Жермен со 3-1 во дербито на францускиот шампионат, па сега трката за титулата оживеа, бидејќи Ленс кој е втор, има четири бода помалку од лидерот ПСЖ.
Кај ПСЖ ги немаше суспендираниот Нејмар и Лионел Меси кој доби продолжен одмор после напорното СП, но она што треба да го загрижи тренерот Галтие е катастрофалната одбрана. Вечерва Рамос и Маркињос делуваа како аматери, и Ленс го искористи тоа за да дојде до деветта победа во деветтиот домашен меч сезонава.
Пред мечот, публиката го скандираше името на францускиот репрезентативец Килијан Мбапе, а вечерва тој не успеа да го спаси ПСЖ од пораз.