Најуспешниот македонски кошаркар на сите времиња и актуелен претседател на кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, вечерва во салата „Мир и пријателство“ во Пиреа беше една од главните ѕвезди на церемонијата на повлекување на дресот на Олимпијакос со бројот 15 во чест на Јоргос Принтезис.
Перо и Принтезис заедно освоија две титули во Евролигата, а навивачите на Олимпијакос не го заборавија придонесот на Македонецот, па вечерва го скандираа неговото име додека тој држеше краток говор.
Pero Antic in the house to celebrate Giorgos Printezis pic.twitter.com/mFhu7Panbz
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) September 6, 2024