17.8 C
Skopje
четврток, 9 октомври 2025

Овиедо неочекувано го отпушти родениот струмичанец од тренерското место

Падна првата тренерска жртва оваа сезона во шпанската Ла Лига, Реал Овиедо реши да се раздели со Вељко Пауновиќ.

Србинот роден во Струмица имаше договор до крајот на сезонава. Тој успеа да го врати Овиедо во елитата по пауза од 25 години, но тој историски успех како да не беше доволно почитуван од раководството.

Во моментов Овиедо има 6 бода од осум меча (две победи и шест порази) што и не толку лошо. Од овие осум меча, два им беа против гигантите Реал Мадрид и Барселона, играа и со силниот Вилјареал, кој е дел од Лигата на шампионите, плус и не се последни на табелата. Со играчкиот кадар што го имаат реално е да се борат за опстанок, а не за титула или излез во Европа и затоа чудо е што го сменија Пауновиќ.

- Оглас -

Најнови вести