Традиционално секојдневно ви нудиме пет меча кои ви ги даваме како предлози за играње во Sport Life обложувалниците, а денеска имаше една многу интересна ситуација на таа понуда. Од одбраните пет меча на типстерските совети, еден гол успеа да „изгоре“ потенцијално добитно ливче од тие пет меча, со вкупен коефициент од 56,4.
Се работи за дуелот Босна и Херцеговина – Ерменија. Нашиот тип беше „Сигурна победа на БиХ“, а така и беше се до 93 минута. Домаќините поведоа во првиот дел, а потоа во второто полувреме зголемија на 2:0. Сепак, во последните секунди од средбата, судијата досуди пенал за Ерменија и тоа малку сомнителен.
Гостинскиот играч го оттурна Дени Милошевиќ, а овој несвесно ја удри топката со рака. Арбитарот покажа на белата точка, а Хенрих Мхитарјан погоди за 2:1. Коефициентот за „двојна победа“ на БиХ беше 3,35.