Спомени ќе се будат и битка за бодови ќе се бие на „Френдс арена“ во Стокхолм

Грузија – Швајцарија (15 часот)

Ова е интересен дуел за старт на квалификациите на две репрезентации кои имаат дополнителна алтернатива за пласман на ЕП 2020 година.

И Грузија и Швајцарија играа одлично во Лигата на Нации и се полуфиналисти, со можност и по тој пат да стасаат на европскиот собир, со кремот на национални селекции следната година.

Грузијците се мошне незгодни кога играат на свој терен во Тбилиси, имаат едно реми со Швајцарците во квалификациски меч за ЕП 2004 година, но сепак гостите се фаворити.

Швајцарија ќе игра без Џердан Шаќири, но квалитетот е на нивна страна. Го презентираа и во Лигата на Нации, каде во последниот меч ја декласираа моќната Белгија со 5:2 и ја претркаа за првото место во групата. Нема да им биде лесно на „Борис Пачаѕе“ арената денеска. Сепак типуваме дека ќе ги освојат бодовите.

Предлог тип: 2 (1.67)

 

Шведска – Романија (18 часот)

На „Френдс арена“ во Стокхолм ќе има многу емоции, но и голема битка за значајни бодови на стартот од новиот циклус натпревари за пласман на ЕП 2020 година.

Двете селекции ќе се потсетат на големото четвртфинале на Мундијалот во САД пред 25 години, што го доби Шведска на пенали.

Во моментов и Шведска и Романија се далеку од квалитетот на генерациите што ги предводеа Хаџи и Далин со многу познати фудбалски легенди во составите на Мундијалот во 1994 година.

Шведска имаше добар настап лани на Светското првенство во Русија и играа во четвртфиналето, каде ги сопре Англија.

Денеска во Стокхолм ќе играат и против традицијата, која вели дека никогаш не ја победиле Романија во регуларен дел од натпреварите, бидејќи пред 25 години славеа по подобро изведување на пенали.

Време е традицијата да се урне, но за секој случај ви предлагаме да одиграте и нула со „кецот“, комбинирано со 2-4 голови.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.05) Квота на денот

 

Италија – Финска (20.45 часот)

Сите фудбалски адути се на страната на популарните „аѕури“, а единствено нешто што може да го загрижи селекторот Роберто Манчини е отсуството на Лоренцо Инсиње. Офанзивецот на Наполи нема да игра вечер на „Фриули“, но Италија сепак е премногу силна за Финска.

Имаат дури 13 победи и само еден пораз со едно реми на меѓусебните дуели со Финците и се големи фаворити за победа. Не играа на Мундијалот во Русија, откако во нашата група завршија како второпласирани и го загубија баражот со Швеѓаните.

Целта на „аѕурите“ во овој циклус е многу поголема од пласман на ЕП 2020 година. Се надеваат и на титулата, која ја немаат освоено цели 52 години.

Финците играат за подвиг и сакаат прв и историски пласман на континентален шампионат, но вечерва се аутсајдери во Удине.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.05) Квота на денот

 

Шпанија – Норвешка (20.45 часот)

Црвената фурија има прекрасни резултати на последните изданија на Европските првенства и освои две круни на последните три шампионати.

Шпанија пак е фаворит, или меѓу главните кандидати за титулата, а ќе ги почнат квалификациите за ЕП 2020 година на „Месталја“ против Норвешка.

Гостите со радост се присетуваат на дебитантскиот меч на Европските првенства, кога во 2000-та година на за нив историскиот меч со голот на Стефан Иверсен ја победија токму Шпанија.

Но, фаворитот за денеска се знае, Шпанија е во голема предност, фудбалот им е во експанзија, имаат се за да ја победат Норвешка.

Предлог тип: 1-1&2-5 (2.40) Квота на денот

 

Босна и Херцеговина – Ерменија (20.45 часот)

Двете селекции се во сосема спротивно расположение пред стартот на новиот квалификациски циклус. Босанците играа одлично во Лигата на Нации и во следното издание ќе бидат дел од елитата во А сегментот.

Един Џеко е нивниот главен адут, а напаѓачот на Рома игра како во транс во дресот со национални обележја. Има биланс од 54 голови на 97 натпревари што е импресивен податок. Им даде гол на Ерменците на еден од двата меѓусебни дуели што ги имаат, а БиХ двапати убедливо ја победи Ерменија во квалификациите за пласман на СП 2010 година.

Во Зеница беше 4:1 за домаќините, за потоа во Ереван БиХ да слави со 2:0. Ерменците не успеаја да се справат со Македонија во Лигата на Нации и завршија зад нас во групата, па Мхитарјан и соиграчите бараат нова шасна за подвиг и настап на ЕП 2020 година. Имаат нов селектор, играа нешто подбро во финишот на Лигата на Нации, но вечерва на „Грбавица“ во Сараево ќе играат со една од најдобрите одбрани во моментов.

Босанците немаат примено гол на 7 од последните 8 натпревари на свој терен и на Ерменците ќе им биде исклучително тешко да ја погодат мрежата на домаќините.

Предлог тип: Двојна победа 1 (3.35)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести