Овојпат навистина е готово, Франк Рибери ја заврши играчката кариера!

Ветеранот Франк Рибери ќе го раскине договорот со Салернитана и веќе нема активно да се занимава со играње фудбал.

Претходно, кога исто така најавуваше повлекување, 39-годишниот Рибери велеше дека сака да се проба како тренер.

Сезонава тој одигра два официјални меча (последен му беше со Рома на 14 август), колената му прават проблем и не може да игра како што сака, па реши да се повлече. До крајот на сезонава ќе има улога на амбасадор на Салернитана.

Рибери во 2006 со репрезентацијата на Франција играше финале на Светско првенство, а на клупска сцена со Баерн Минхен освои 23 трофеи, меѓу кои и Лигата на шампионите во 2013 година.

- Оглас -

Најнови вести