Еден од најпознатите и најдобри фудбалски агенти, Мино Раиола почина денеска. Раиола речиси пет месеци беше болен, а во овој период два пати го прогласуваа за умрен. Последен пат тоа се случи пред само два дена.
За жал овојпат и семејството на Мино преку социјалните мрежи ја потврди тажната вест. Раиола имаше 54 години, а беше агент на дел од најдобрите светски фудбалери како што се Златан Ибрахимовиќ, Ерлинг Халанд, Пол Погба, Матијс де Лихт, Павел Недвед и многу други.
— Mino Raiola (@MinoRaiola) April 30, 2022