Фудбалскиот свет во шок – Почина најконтроверзниот агент

Познатиот фудбалси агент, Мино Рајола по кратко боледување почина на 54-годишна возраст. Италијанецот кој што ги застапуваше Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ, Ерлинг Халанд и многу други фудбалски ѕвезди почина денеска во болница во Милано.

На почетокот од оваа година, тој беше примен во истата болница во Милано каде што му беше извршена итна операција, но сето тоа беше чувано во строга тајна, додека неколку дена подоцна беше објавено дека има проблеми со белите дробови.

Рајола беше познат по тоа што од трансферите земаше огромни проценти и за своите фудбалери неретко поставуваше неверојатно барања. Токму Халанд во летниот преоден рок требаше да му донесе огромна заработка со оглед на тоа дека Норвежанецот наводно ги договорил сите услови со Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести