Озил никогаш не ја пееше германската химна, но со турската е друга песна (Видео)

Месут Озил повторно е цел на критики во германските медиуми откако се појави снимка на која се гледа како тој ја пее турската химна. Пред секој натпревар во Турција се интонира националната химна, а пеењето на Озил наиде на револт кај Германците бидејќи сега пее, а никогаш не ја пееше химната на Германија додека настапуваше за националниот тим на земјата во која е роден.

Озил досега не ја пееше ниту турската химна, се оправдуваше дека не ја знае доволно добро, но изгледа ја научил, па пред мечот со Ѓозтепе ја запеа и непријатно ги изненади Германците. Фудбалерот на Фенербахче неодамна изјави дека не му е криво што играл за Германија, а со Панцерите освои светска титула во 2014 година, одигра 92 меча за Германија.

- Оглас -

Најнови вести