Падна договор: Асот на англискиот првак се сели на „Камп ноу“

Џорџинио Вајналдум, играчот за врска на Ливерпул, по крајот на оваа сезона ќе ја продолжи кариерата во редовите на Барселона. Реномираниот англиски лист „Тајмс“ тврди дека е постигна преддоговор меѓу двете страни, па Холанѓанецот во јули без отштета ќе пристигне на „Камп ноу“.

Очигледно е дека новиот претседател Жоан Лапорта, веднаш се фати за работа и уште сега се обидува да ги исполни плановите околу засилување на екипата. Со Вајналдум како негов прв ангажман по враќањето на функцијата, Лапорта ќе му ја исполни желбата на тренерот Роналд Куман, кој и минатото лето го посакуваше репрезентативецот на Лалињата.

По пет години поминати на „Енфилд“ и освоените титули во ЛШ и Премиер лигата, 30-годишниот Вајналдум го напушта Ливерпул како слободен играч. Во меѓувреме Барса се обиде да го ангажира и Давид Алаба без отштета, но се чини дека таа трка ја доби Реал Мадрид, додека големите ривали ќе бијат битка и за потписот на Ерлинг Халанд во текот на летото.

- Оглас -

Најнови вести