Готово ли е? Великаните задоцнија, Алаба прифати богатсво од Реал

Реал Мадрид успеа да го добие потписот на Давид Алаба, кој наводно се согласил на четиригодишен договор со плата од 10 милиони по сезона, а при тоа ќе добие 20 милиони евра како бонус за ангажманот.

Според одредени шпански медиуми, Кралевите ја добија трката за дефанзивецот на Баерн Минхен кој летово ќе биде слободен играч, по успешно завршените преговори со агентот на Алаба, Пини Захави.

Австрискиот репрезентативец беше на радарот на повеќе европските гиганти како Барселона, ПСЖ, Јувентус, Манчестер сити, Челзи, но одлучи Мадрид да биде неговата следна дестинација по крајот на сезоната.

Алаба во неколку наврати одби да ја продолжи соработката со Баварците за кои настапува веќе 11 години, па така во јули ќе биде нов играч на Реал по повеќе од 420 настапи во дресот на Баерн и освоени 26 трофеи.

- Оглас -

Најнови вести