Мојзе Кен, младиот напаѓач на Јувентус, дефинитивно ја напушта Италија и се сели во редовите на Евертон. Карамелите постигнале договор со Старата дама околу услугите на талентираниот голгетер, за кого ќе исплатат 30 милиони евра (27,5 милиони фунти), но сумата може да порасне за дополнителни 10 милиони евра преку бонуси.
Кен деновиве ќе потпише петгодишен договор, според кој ќе заработува околу три милиони евра по сезона. Веста ја потврдија неколку италијански медиуми, како и реномираниот новинар Џанлука ди Марцио, што значи останува уште двете страни да го официјализираат трансферот.
Италијанскиот првак мораше да се ослободи од неколку напаѓачки опции, па иако Игауин и Манџукиќ беа во преден план за продажба, како и Дибала, на крајот тренерот Сари одлучи дека нема да смета на клупскиот „бисер“ кој импресионираше минатата сезона.
#Kean all'#Everton, i dettagli economici dell'affare e il diritto che si garantisce la #Juventus per il futuro 💰👇https://t.co/jM8FTcdbg1
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 30, 2019