Падна италијанскиот трансфер-рекорд, Тонели се сели во Њукасл

Сандро Тонели ќе го замени Милан со Њукасл и во иднина ќе настапува во англиската Премиер лига. “Црвено-црните“ од Милано за трансферот ќе добијат 70 милиони евра, што ќе претставува клупски рекорд, но и рекордна сума која е платена за еден италијански фудбалер.

23-годишниот фудбалер со Њукасл ќе потпише договор до 2029-тата година и ќе заработува по 7 милиони евра годишно. Милан ќе има и процент од неговиот следен трансфер.

Екипата на Њукасл со овој трансфер само го израмни клупскиот рекорд, бидејќи истата сума ја плати и за трансферот на Александер Исак.

- Оглас -

Најнови вести