Падна последниот договор на тренингот утринава пред утрешниот меч со Косово во полуфиналето на Сегментот Д од Лигата на наците, а целта се знае, триумф во Скопје за пат воТбилиси или Минск и меч за настап на Европското првенство што ќе се игра идната година.
Сите расположливи сили, освен Елиф Елмас, кој не допатува во Скопје по позитивниот тест на Ковид-19, се тука и се орни за важната пресметка, утре од 20.45 часот со Косово.
Победникот ќе игра финале во Сегемнтот Д на гостински терен против Грузија или Белорусија во ноември, а шампионот во Сегментот Д ќе игра на ЕП.