Пандев играше 15 минути во поразот на Џенова од Торино

Торино со конечни 2-1 ја совлада Џенова во мечот од рамките на 14. коло во Серија А. Џенова и по седум меча не успева да забележи позитивен резултат откако на клупата седна Иван Јуриќ, под негово водство имаат учинок од четири порази и три ремија.

Куаме во 36-тата минута ги изненади „биковите“ за предност од 1-0 на Џенова, но домаќините пред паузата успеаја да го свртат резулатот во своја корист. Во втората минута од судиското надополнување, Ансалди израмни, а по само три минути Торино доби пенал, кој го реализираше Белоти.

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, повторно чекаше шанса од клупа, ја доби во 74-тата минута заменувајќи го Сандро, но „Гранде“ Пандев не му помогна на својот тим да го избегне седмиот овосезонски пораз.

Останатите две средби во Серија А кои започнаа во 15 часот завршија без победник. Фросиноне и Калјари ремизираа при конечни 1-1, додека немаше голови на мечот помеѓу Сасуоло и Удинезе.

- Оглас -

Најнови вести