Луис Суарес е трагичарот на Уругвај, а бесни на неговата утка во пенал серијата против Перу, негови сограѓани во родното место Салто ја урнаа статуата поставена во чест на напаѓачот.
Суарес промаши од белата точка во првата серија од четвртфиналниот дуел на Копа Америка против Перу, што беше клучно за елиминацијата на најтрофејната нација со вкупно 15 титули.
Дека во Јужна Америка тешко се трпат порази потврди вандалскиот чин и уривањето на статуата што во чест на Суарес беше поставена во неговиот роден град Салто во Уругвај.
Полицијата најави истрага, а ова е втор ваков вандалски чин. Првиот пат статуата на Суарес беше откорната и легната на земја во 2017 година, кога напаѓачот на Барселона и на Уругвај беше присутен на свадбата на соиграчот Лионел Меси.
Аргентина и Уругвај имаат големо ривалство во фудбалот, се работи за двете најтрофејни нации на Копа Америка (Уругвај 15, Аргентина 14 титули) па Суарес беше „казнет“ и пред две години со уривање на неговата статуа во Салто.
Тогаш градската управа реагираше на интересен начин и постави порака со наслов „Заминав на свадбата на Меси, ќе се вратам наскоро“. И оштетената фигура потоа беше поправена и повторно поставена на истото место, од каде вчера повторно беше урната од хулиган(и).