Пак има проблем – Поминаа повеќе од шест месеци и Погба никако да го почне вториот живот во Јувентус

Пол Погба нема да игра вечерва за Јувентус против Лацио во четвртфиналето на Копа Италија, иако токму овој меч беше планиран за почеток на вториот живот на францускиот репрезентативец кај Старата дама.

Проблем е што Погба има болки во колкот, а минаа веќе шест месеци и некој ден како се чека негов настап во камбекот во Јувентус.

Пол беше на клупата за резерви против Монца викендов, но не влезе во игра, а нема да настапи и вечерва.

Пристигна по вторпат во Јуве во јули минатата година, но веднаш се повреди и мораше да оди на операција на коленото.

Го пропушти и Мундијалот во Катар и не играше за Франција, а рехабилитацијата оди бавно.

Погба по вторпат дојде во Јувентус од Манчестер јунајтед, а првата епизода му беше импресивна во црно-белиот дрес.

Со Јувентус освои четири шампионски титули во периодот од 2012 до 2016 година, плус и по два пехари во Копа Италија и во Супер купот на оваа земја.

Потоа се врати во Манчестер јунајтед со трансфер вреден 100 милиони евра, а дојде бесплатно во Јуве и сега повторно од јули лани е член на Старата дама од Торино.

 

- Оглас -

Најнови вести