Пако Алкасер испиша историја во Бундеслигата

Борусија Дортмунд загуби на гостувањето кај Фортуна Дизелдорф, но остана лидер на табелата во германското првенство, a Пако Алкасер со синоќешниот гол влезе во историјата на Бундеслигата. Алкасер е во одлична форма сезонава, на Борусија ѝ се исплати што го доведе од Барселона, каде што не беше потребен, а тој враќа со голови.

Алкасер стана првиот фудбалер во историјата на Бундеслигата кој во една сезона постигнал 10 гола како резерва. Сите десет гола досега му се на мечеви на кои Шпанецот влегуваше на терен од клупата за резерви.

Подвигот на „златната резерва“ на Борусија е голем затоа што е остварен само по 16 кола и којзнае каква ќе биде бројката на голови на резервистот Алкасер кога ќе се одиграат сите 34 кола. Досега рекордот на најефикасни резерви со по 9 погодоци го делеа Нилс Петерсен и Јоан Ганеа, но тие се надминати, и тоа за многу, од феноменот Пако.

- Оглас -

Најнови вести