Паладино: Бесен сум, топката излезе надвор од теренот повеќе од 20 сантиметри

Тренерот на Фиорентина, Рафаеле Паладино, не го сокри својот бес по поразот од 1-2 против Интер. Тој ги нападна судиите, а посебно системот ВАР, кој не се вмеша за да покаже дека топката го напуштила теренот во ситуацијата кога беше досуден корнер за Нераѕурите, од кого потоа падна првиот гол на натпреварот.

„Никогаш не зборувам за судиите и се обидувам да не ги осудувам за нивните грешки, како што си ветив. Но, овојпат навистина сум лут поради овој гол. И не сум толку гневен на судијата, туку повеќе на системот ВАР и на протоколот за негово користење. Имаме алатка што треба да им помогне на судиите да прават помалку грешки, но не можеме да ја употребиме за да исправиме очигледна грешка. Топката излезе околу 20 сантиметри. Тоа е детаљ што го реши натпреварот. Протоколот вели дека ВАР не може да се вмеша во ваква ситуација. Разбирам дека не може да се користи за секоја ситуација, но ова не е добро бидејќи ние си заминуваме гневни дома“, изјави Паладино по мечот со Интер.

По овј триумф, Интер се доближи само на еден бод негатива до лидерот Наполи.

- Оглас -

Најнови вести