Палмер првпат во кариерата утна пенал, супер гол му помогна на Тотенхем да избегне пораз (Видео)

Челзи го победи Лестер со 1-0, а Тотенхем и Борнмут ремизираа 2-2 во двата попладневни натпревари од англиската Премиер лига.

Сините до победата дојдоа со гол на Марк Кукурелја, негов втор во последните два меча. Претходно, при 0-0, Кол Палмер не реализираше пенал. За Палмер тоа беше 13-ти изведен пенал во Премиер лигата и прв кој не го претворил во гол.

Челзи за првпат во 2025 година врза две победи по ред и сега е четврти на табелата, симнувајќи го Манчестер сити на петта позиција.

Црешите водеа со 2-0 против Петлите во Лондон, но домашните се спасија од пораз благодарение на убавиот гол на Папе Сар и мајсторски изведен пенал на Кореецот Хеунг Мин Сон кој немаше дадено гол од 15-ти јануари.

- Оглас -

Најнови вести