Панатинаикос не може без драма – Победи со еден поен разлика во Литванија

Панатинаикос денеска повторно одигра многу драматичен меч со хепиенд за грчкиот тим, кој го победи Жалгирис со 86:85 на гостински терен.

Тајрис Рајс утна две слободни фрлања на една секунда до крајот на мечот, а сепак, за негова среќа, Панатинаикос ги освои бодовите.

Џок Лендејл се обиде со тројка да ѝ донесе победа на домашната екипа, но не успеа. Во минатото коло Панатинаикос по две продолженија загуби од АЛБА на свој терен со 105:106.

Вечерва на Грците им се насмевна среќата, а до победа ги предводеше Ник Калатес со 19 поени. Томас постигна 12 поени, а Папапетру уфрли поен помалку за гостите.

Кај Жалгирис, Зак Ледај беше прв стрелец со 15 поени.

- Оглас -

Најнови вести