Зенит го совлада Панатинаикос со 112-83 и на тој начин рускиот тим за првпат во својата историја влезе во плејофот во Евролигата. Како осмопласиран, тимот од Санкт Петербург ќе има четвртфинални дуели со Барселона. Барса е некогашен клуб на актуелниот тренер на Зенит, Чави Пасквал. Другите четвртфинални двојки се: ЦСКА Москва – Фенербахче, Анадолу Ефес – Реал Мадрид и Армани Милано – Баерн Минхен.
Се чини дека уште пред почетокот на мечот се знаеше кој ќе победи бидејќи ПАО немаше никакви мотиви, а на Зенит му одговараше само победа. Победа на Зелените детелинки од Атина ќе значеше влез на Валенсија во плејофот, но тоа не се случи. Некогашниот играч на Панатинаикос, Кевин Пангос, даде 33 поени и беше творец на победата на Зенит.