Панче Ќумбев нема дилеми: Легија ќе ја победи Легница

Панче Ќумбев ќе биде редовен типстер-експерт на Спорт Mанија, а за почеток се знае, типува победа на „неговата“ Легија против новиот полски прволигаш Легница. Од 2008 до 2010 година Ќумбев играше за полскиот гигант и има убави спомени од Варшава.

 

Легница – Легија Варшава  (Сабота, 20.30 ч.)

Можеби малку навивачки, меѓутоа Легија е фаворит на овој натпревар. По победата во последното коло на големото дерби против Лех, мислам дека проблемите кај Легија се надминати. И покрај лошиот старт во првенството, Легија сè уште е главен фаворит за освојување на шампионската титула во Полска. Легница е нов прволигаш и иако има добар старт, мислам дека на овој натпревар трите бода ќе ги однесат гостите.

Предлог тип: 2 (2.50)

 

Ливерпул – Саутемптон (Сабота, 16.00 ч.)   

Повеќе од очигледно е дека Ливерпул е во добра форма на стартот од сезоната. Играат допадливо за око со многу голови, па се надевам дека и на овој натпевар ќе биде така. Имаат пеколен напад и одличен среден ред. Затоа типувам победа на домаќинот со најмалку 3 гола на натпреварот.

Предлог тип: 1&3+ (1.62)

 

Фиорентина – СПАЛ (Сабота, 18.00 ч.) 

Верувам во победа на „виолетовите“. Играат добро на домашен терен и играат отворен и напаѓачки фудбал. Гостите се најпријатно изненадување на стартот од новата сезона во Калчото, но мислам дека на овој натпревар се аутсајдери.

Предлог тип: 1 (1.67)

 

Хетафе – Атлетико Мадрид (Сабота, 18.30 ч.) 

Редно е Атлетико да се разбуди во домашното првенство. Иако гостува кај секогаш незгодниот Хетафе, мислам дека по победата во Монако, во Лигата на шампионите, Атлетико зема залет и типувам победа на гостинот на овој натпревар.

Предлог тип: 2 (1.93)

 

Лацио – Џенова (Недела, 15.00 ч.)

Иако Џенова игра доста добро на почетокот на сезоната, мислам дека во овој дуел фаворит е домаќинот. Лацио е еден од кандидатите за пласман меѓу првите четири екипи во италијанското првенство и затоа мора да победува на домашен терен. Мој тип е победа на Лацијалите.

Предлог тип: 1 (1.50)

 

- Оглас -

Најнови вести