Панчев: Младите се чудат зошто гледам Железничар – Челик, а не Саутхемптон- Лидс

Се ближи 30-годишнината од европската титула на Црвена Ѕвезда, па од српски „Вечерње новости“ направија интервју со Дарко Панчев кој го погоди последниот пенал во финалето во 1991 година. Панчев

„Младите гледаат на пример, Саутхемптон – Лидс, англиско првенство, а јас гледам Жељо – Челик, и тие ме прашуваат зошто гледам тоа? Затоа пто тоа ме интересира. Младите во Англија не гледаат други првенства, го гледаат своето. За мене сите лиги од поранешна Југославија се како мои, блиски ми се ние растевме во тој југословенски дух, и затоа ми се интересни тие првенства. И во Холандија љубителите на фудбалот си го гледаат само своето првенство. Во мое време така беше и тука, луѓето си го следеа југословенското првенство. Лигите паднаа, го немаат тој квалитет и веројатно затоа нема толкав интерес за нив, но со добра кампања ќе се зголеми интересот, и младите генерации ќе видат дека не е лошо да се гледаат и домашните првенства“ – вели Панчев.

- Оглас -

Најнови вести