Пандев денеска ќе го продолжи договорот со Џенова

Според најавите од Италија, Горан Пандев до крајот на денешниот ден треба и официјално да го стави потписот на новиот договор со Џенова. Пандев летово најави дека се повлекува од репрезентативниот дрес на Македонија, но остави простор да одигра уште една сезона на клупски план.

Челниците на Џенова уште пред неколку месеци, буквално го тераат Пандев да остане во клубот и за следната сезона, а тоа треба денеска и официјално да биде потврдено. Легендарниот капитен на македонската репрезентација пред неколку дена го прослави 38-миот роденден и ќе биде еден од најстарите играчи во Серија А.

Гранде Горан има 165 настапи за Џенова во кои постигна 32 гола, а имаше и 11 асистенции. Пандев неодамна најави дека сака да се прости од фудбалот пред полни трибини, а во Серија А е најавено дека во новата сезона ќе биде дозволено присуство на 100 отсто од капацитетите на стадионите, но на трибините ќе може да има само навивачи кои се вакцинирани.

- Оглас -

Најнови вести