Италијанскиот калчолигаш Џенова попладнево потврди дека Горан Пандев потпиша нов едногодишен договор и ќе остане во клубот до 2022 година. Само неколку часа подоцна, Пандев беше во составот на Џенова, во првото коло од Купот на Италија против Перуџа.
Изненадувачки, гостите водеа со 2:0, но Џенова до полувремето се врати и стигна до 2:2. На почетокто на второто плувреме во игра влезе Пандев, а Џенова даде и трет гол за комплетирање на пресвртот и победа на стартот од новата сезона.