Пандев е единствен играч на Џенова што на Интер му давал голови во последните четири години!

Пред точно 10 години, Горан Пандев во дресот на Интер ги доживеа најславните моменти во својата кариера. Популарниот Гоче со Нераѕурите стана европски првак откако во мајското финале со 2:0 го победи Баерн Минхен, а неколку месеци подоцна стана и светски клупски првак, а Пандев во тоа финале на ФИФА натпреварувањето, даде и гол.

Сега, Пандев е во сосема поинаква ситуација. Го носи дресот на Џенова, а вечерва на свој терен за противник го има токму Интер. Мечот е од многу поголемо значење за Џенова. Интер нема шанси за титулата, а е сигурен за место во ЛШ за следната сезона, додека Џенова со три освоени бода може и дефинитивно да се спаси до испаѓање.

По ремито на Интер против Фиорентина, тренерот на Интер, Антонио Конте рече дека него му е тотално сеедно дали екипата ќе заврши на второто или третото место на крајот од сезоната, што значи дека гостите се опуштени.

ПАНДЕВ Е НАЈЗАСЛУЖЕН ЗА ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ ПОБЕДИ НА ЏЕНОВА ПРОТИВ ИНТЕР

Статистиката вели дека Интер убедливо победувал на последните три меча против Џенова (4:0, 0:4, 5:0). Сепак, ако се погледнат резултатите, Џенова има две победи во последните три средби на својот стадион „Луиџи Ферарис“, а токму Пандев е херој во тие две победи.

Во февруари 2018 година, Пандев даде гол, а Ранкија си постигна автогол за победа на Џенова од 2:0. Еднао година претходно Гоче влезе како резерва и погоди во триумфот од 1:0, што само потврдува дека е творец на последните две победи на Џенова, но и единствен играч на овој клуб што има дадено гол против Интер во последниве четири години.

Во Sport Life одлична е понудата за Пандев и денеска да даде гол. Коефициентот за погодок на капитенот на македонската репрезентација е 3.50.

ГОЛ И ПОБЕДА КАКО ПОДАРОК ЗА 37-ИОТ РОДЕНДЕН 

Статистиката покажува дека Пандев има одиграно вкупно 20 меча во Серија А против Интер и четири пати се радувал на гол. Гоче за два дена ќе полни 37 години и победа со гол против Интер би било совршен подарок за роденденот. Иако веќе е ветеран, струмичанецот сезонава игра одлично и има девет гола и две асистенции, што го прави најефикасен во тимот на Џенова.

Интересно е што покрај Пандев, во нападот на Џенова за денешниот дуел ќе биде и Андреа Пинамонти. И Пинамонти е некогашен играч на Интер, но секако ја нема доживеано славата како Горан. Овој тандем на Џенова од спротивната страна ќе го имаат застрашувачкото дуо на Интер, Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез.

 

- Оглас -

Најнови вести