Пандев има порака за сите оние кои утре ќе сакаат да се обложат против Македонија

Рекордерот по бројот на одиграни мечеви и по бројот на постигнати голови во дресот на Македонија, капитенот Горан Пандев е оптимист и најави дека утре ќе се обидеме да победиме на гостувањето во Тбилиси против Грузија. Пандев против Ерменија ги одигра последните 30 минути, но секако дека неговото присуство многу значи.

„Против Ерменија игравме во многу тешки услови. Тука видовме дека стадионот е прекрасен, а теренот е во добра состојба. Утре ќе се обидеме да победиме“, рече Пандев на прес конференцијата, додавајќи дека атмосферата во тимот е одлична.

На прес конференцијата присуствуваше и селекторот Игор Ангеловски кој посака во ноември Македонија повторно дасе врати да игра во Тбилиси и тоа во финалето на плеј-офот за пласман на Европско првенство 2020.

Репрезентативците Иван Тричковски и Кире Ристевски поради повреда нема да бидат во комбинација за настап на натпреварот во Тбилиси против Грузија, додека неизвесен е настапот на Стефан Ристовски кој се жали на стомачен вирус.

 

- Оглас -

Најнови вести