34.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Пандев пак чести – Слободен влез за дербито во недела

Академија Пандев ја продолжува традицијата и во првото пролетно коло на дербито со Шкендија што ќе се игра од 13 часот во недела.

Портите на градскиот стадион во Струмица ќе бидат ширум отворени за сите заинтересирани и влезот пак ќе биде бесплатен како што беше пракса и во првиот дел од шампионатот.

Мечот е многу важен за двете екипи кои имаат шампионски амбиции, а по првиот дел од шампионатот се на втората, односно на третата позиција зад лидерот Вардар.

Актуелниот шампион Шкендија е на второто место со 28 бода, 8 помалку од Вардар, а Академија Пандев е третопласирана екипа по 18 кола со 27 бода.

- Оглас -

Најнови вести