Лина Ѓорческа со пресврт избори полуфинале на турнирот во Романија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во полуфиналето на ИТФ турнирот во Романија по голем пресврт против Хрватката Луција Ќириќ Багариќ.

Ѓорческа лошо го започна мечот и првиот сет го загуби со убедливи 6-1 во гемови, но потоа целосно ја презеде контролата. Во вториот сет ѝ дозволи само еден гем на противничката (6-1), а решавачкиот сет го доби на доминантен начин, со 6-0.

Со овој триумф најдобрата македонска тенисерка обезбеди место во полуфиналето, каде што ќе се сретне со третата носителка на турнирот, Романката Попа.

- Оглас -

Најнови вести