Пандев ќе биде најголема закана, но Јуве сака што побрзо да ја одбрани титулата

Горан Пандев и Џенова вечерва (21:45 часот) на „Луиџи Ферарис“ го пречекуваат актуелниот првак и фаворитот за титулата во Серија А, тимот на Јувенутс. Мечот ќе се одигра во рамките од 29-тото коло и е од посебна важност за двете екипи, во кој се очекува интересна пресметка за да се остварат целите на двете страни.

Џенова е без победа по продолжувањето на сезоната, а тоа не се добри вести за нив во борбата за опстанок. Иако шансите не се на нивна страна, со евентуален позитивен резултат вечерва против Старата дама, Џенова ќе докаже дека заслужува да биде дел од елитата во Италија. Јувентус, пак, засега е без грешка и има две победи над Болоња и Лече без примен погодок, избраниците на Сари се во добро расположение откако останаа без трофејот во Купот на Италија.

„Гранде“ Пандев ќе биде посебно мотивиран да се покаже во добро светло против Бјанконерите бидејќи нему му е најважно да ја спаси Џенова од испаѓање во Серија Б. Капитенот во минатото честопати ја тресел мрежата на Јувентус. Како играч на Лацио, Интер и Џенова во вкупно 16 меча против Старата дама има реализирано осум погодоци и три асистенции. Особено се памети последниот настап на Пандев кога го пречека тимот од Торино, Џенова триумфира со 2-0 откако нашиот капитен во дваесетина минути по влегувањето во игра асистираше за 1-0, а потоа и самиот го реши победникот за конечни 2-0.

Меѓусебните дуели на Џенова и Јувентус навестуваат неизвесен дуел. Во последните шест средби кои се одиграа на „Луиџи Ферарис“, победникот се менувал редовно, по три победи остварија двете екипи, со тоа што просекот на погодоци е од два до три. Верните фанови на Џенова играа важна улога во последните неколку победи против екипата на Маурицио Сари, но вечерва ќе го немаат 12-тиот играч и тоа може да претставува голем хендикеп за домаќините.

Последните шест дуели на „Луиџи Ферарис“:

17.03.2019 Џенова – Јувентус 2:0

26.08.2017 Џенова – Јувентус 2:4

27.11.2016 Џенова – Јувентус 3:1

20.09.2015 Џенова – Јувентус 0:2

29.10.2014 Џенова – Јувентус 1:0

16.03.2014 Џенова – Јувентус 0:1

Според коефициентите во SPORT LIFE, Јувентус е апсолутен фаворит со 1.47 квота за „двојка“, додека евентуален „кец“ на Џенова изнесува оптимистички 7.70. За реми понудена е квотата од 4.30.

Доколку вашата среќа ја приложувате во корист на Бјанконерите, притоа очекувате голови на средбата, можете да ја засилите „двојката“ со типот 2 & T22+ која нуди 1.71 коефициент, или пак 2 & 2-3 гола за 2.12 квота.

- Оглас -

Најнови вести