34.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Пандев ќе има нов тренер во Џенова

Аурелио Анреацоли ќе биде нов тренер на Џенова, известуваат италијанските медиуми. Стратегот ги договорил личните услови со еден од најстарите италијански клубови, во следните две години ќе заработува 700.000 евра по сезона.

Анреацоли доаѓа на местото на поранешниот селектор на Аѕурите Чезаре Прандели, кој пак по само шест месеци го напушта кормилото на Џенова. Прандели не ги оправда очекувањата откако седна на клупата во декември минатата година, до крајот на сезоната Џенова под негово водство оствари само четири победи, 11 ремија и девет порази, по што едвај се спасија од испаѓање.

Џенова остана во Серија А, додека Емполи отпадна поради подобар учинок во меѓусебните дуели, но факт е дека Емполи играше далеку поатрактивен фудбал под палката на Андреацоли, па токму затоа раководството на Џенова се одлучи за овој потег.

Со доаѓањето на Андреацоли се отвора шанса за капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев да има поважна улога во екипата, односно да биде стартер на поголем број на натпревари.

- Оглас -

Најнови вести