Јувентус со 2:1 ја победи Џенова во Торино и тоа благодарение на голот на Кристијано Роналдо од пенал во 96-тата минута. Гостите протестираа кај судијата за досудениот удар од белата точка, но арбитерот не ја промени одлуката, а Роналдо погоди за победа на шампионот.
По зaвршување на мечот, судијата го пријавил капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев за приговор, додека тренерот на Џенова, Тијаго Мота, доби црвен картон. Затоа дисциплинската комисија во Серија А го казни Пандев со парична казна од 1.500 евра, додека стратегот на Џенова доби суспензија од два меча.