Во Торино се игра додека Јуве не освои три бода

Навивачите на Јувентус се препотуваа и долго чекаа нивниот тим да го скрши отпорот на Џенова, која половина час се бранеше со двајца фудбалери помалку, а победата на италијанскиот првак дојде дури во 96-тата минута од пенал, кој го реализираше Кристијано Роналдо. По регуларните 90 минути, судијата покажа дека треба да се играат уште четири минути, а Роналдо даде гол во 92-рата, но тој погодок беше поништен.

Сепак, Џенова не успеа да се одбрани, судијата реши да досуди пенал во 95-тата минута и Роналдо мирно го реализираше. Со оваа победа од 2-1, Јуве се врати на врвот на табелата. Ако доживееше втор кикс по ред, лидер ќе беше Интер. Горан Пандев беше стартер и играше до 68-мата минута.

Вечерва во Италија беа покажани дури шест црвени картони. Илија Несторовски влезе во игра за Удинезе кога тимот веќе беше во негатива од 0-3, а од Рома прими и четврти гол. Удинезе во последните две кола прими дури 11 голови.

 

- Оглас -

Најнови вести