Пандев кога ќе се врати во Џенова, ќе го чека друг тренер?

По Сампдорија, најверојатно и нејзиниот градски ривал Џенова ќе го смени тренерот. Денешниот тренинг кој требаше да се одржи попладнево е откажан, а тренерот Аурелио Андреацоли е повикан на разговор со раководството на клубот чиј член е и македонскиот капитен Горан Пандев.

Нема да биде изненадување ако Андреацоли добие отказ поради лошите резултати, па Пандев кога ќе се врати во Џенова по репрезентативната пауза, таму да биде пречекан од друг тренер.

Во текот на вчерашниот ден се зборуваше дека Џенова ќе му даде последна шанса на досегашниот тренер, но се чини дека има пресврт во размислувањата кај претседателот Прециози, кој изгледа сепак не може да прости што тимот освои само еден бод во последните пет кола.

Тимот има два слободни дена по мечот со Милан, уште еден клуб за којшто на големо се зборува дека ќе се раздели со својот тренер.

- Оглас -

Најнови вести