Пандев: Не сум против претседателот, но лигата мора да ја водат клубовите, а не аматери од ФФМ

Сопственикот на ФК Академија Пандев и капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, во интервју за порталот Дрнка.мк го дообјасни својот статус на „Инстаграм“ со кој силно ги критикува случувањата во македонскиот клупски фудбал, конкретно во првата лига.

Ја кажав само вистината како стојат работите во макфудбалот. Ова не е само од последниот натпревар што се одигра во саботата. Знаеме дека првенството беше прекинато заради пандемијата, а имаше уште неколку кола да се доиграат и никој не презеде одговорност, а клубовите потрошија пари. Нашиот клуб потроши куп пари, а на средината од првенството тоа се прекина. Бевме и во полуфиналето од Купот. Видовме кои екипи излегоа во Европа и се заташка работата. Помош  нула. Сега во вакви услови дозволија да се игра натпревар, а се знаеше какви ќе бидат временските услови за време на викендот во Македонија уште пред 5-6 дена. Некој си таму делегат и некои луѓе кажале дека теренот е добар и имало одлични услови за игра и можело да се игра. Добро е што немаше повредени. Не сум против претседателот на ФФМ, но треба да се чукнат во глава да размислат како го водат нашиот македонски фудбал бидејќи нашиот фудбал така не може да продолжи“, вели Пандев.

Пандев смета дека на делегатот на мечот Академија Пандев – Работнички поважна му била дневницата.

„Можеби се плашеше дека немаше да му се плати дневница ако го откажеше напреварот. Луѓе, дајте, ве молам, беше срамно, излезе и во италијанските медиуми на каков терен се игра фудбал во Македонија. Секаде во светот одлучуваат клубовите. Не може некои луѓе да даваат пари, а да дојде Трајко, Петко и некој друг да одлучуваат за клубовите. Мислам редно време е клубовите да ја преземат одговорноста и јавно да кажат дека тие треба да ја водат македонската лига, дека тие се сопственици на клубовите, даваат пари и мислам не треба да се молчи, треба да се излезе јавно и да се кажат како стојат работите во Федерацијата. Се знае кој ќе испадне, а кој ќе влезе и така со години си тераа. Секоја чест за репрезентацијата и условите, но во клупскиот фудбал редно време е клубовите да ја преземат одговорноста и јасно да кажат дека вака не може да продолжат да се натпреваруваат во нашата аматерска лига бидејки ја водат луѓе аматери од Федерацијата“, додава струмичанецот, кој смета дека првиот човек на ФФМ треба да им дозволи на клубовите да си ги водат лигите.

Целото интервју може да го прочитате ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести