Пандев распука по ФФМ, можно ли е да не игра на ЕП? Срамно и жално, уште еднаш покажавте дека не сте фудбалски луѓе (Фото)

Горан Пандев распука по раководството на фудбалската федерација, по нивната одлука да се игра мечот меѓу Академија Пандев и Работнички, вчера во снежните услови во Струмица, а само еден ден подоцна да се одложат останатите пет меча од стартното пролетно коло во Првата лига.

Нашата фудбалска икона е сопственик на Академија Пандев, клуб во кој вложи и се уште вложува многу, но веќе и неможе да ги трпи неправдите.

„Срамно и жално. Уште еднаш докажавте дека вие не сте фудбалски луѓе, луѓе што му мислат добро на македонскиот фудбал, туку ве интересираат само вашите лични интереси и затоа одлуките ви се вакви.

Доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата. Сигурно паметот се уште ви е во огромните премии што си ги поделивте на грбот на репрезентативците кои гинат за македонскиот дрес. Излезете јавно и кажете што направивте вие за македонскиот фудбал, за нашата (аматерска) лига. Колку им помогнавте на клубовите во овој тежок период?

Подготвен сум ако не се сменат некои работи и ако клубовите не одлучуваат за нивната судбина во фудбалската федерација, да се тргнам настрана…“, револтиран е капитенот на македонската репрезентација и стрелец на историскиот гол против Грузија што не однесе на прво големо натпреварување, на ЕП што ќе се игра од 11. јуни до 11. јули.

- Оглас -

Најнови вести